ВИДЕО- Прошетка низ Спомен собата на Никола Бадев, доајенот на македонската изворна песна со кадифен глас

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Како дел од репортажата за депандансот во локалниот музеј галерија Кавадарци, наречен „Куќа на мирис и вкус“ ќе ви ја претставиме спомен собата на доајенот на македонската изворна песна, Никола Бадев, која се наоѓа токму во овој музеј. Низ поставката не прошета Томе Крстевски, виш кустос етнолог.

Крстевски: Ова е спомен соба на доајенот на македонската изворна песна, Никола Бадев, роден во селото Глишиќ, во непосредна близина на Кавадарци. Растен во земјоделско семејство, но и растен меѓу луѓе кои имале осет за музика. Дури имаме и анегдота, Васил Хаџиманов му ги дал првите тактови на хармоника за да Никола Бадев ја започне неговата кариера. Ова е спомен соба во која имаме фотографии, хронолошки наредени се до неговата смрт, имаме 2 витрини со лични предмети, народна носија која доминира во ова негово катче, а исто така и статуата која е дел од оваа спомен соба. Никола Бадев е познат по неговиот кадифен глас, на секое чествување тоа го презентираме, дури има и фолклорни групи од Кавадарци кои го негуваат ликот и делото на Бадев и одржуваат концерти секоја година. На годишнината од неговата смрт правиме настани каде го презентираме животот и делото на Никола Бадев. Во оваа витрина имаме лични предмети, во која доминираат негови тетратки, односно записите од неговите 220 песни. За секоја од тие 220 песни има извршено комплетен аранжман. Часовник кој во тоа време бил доста скап, килибарот, односно бројаниците кои ги имал, како и инструменти кои ги свирел во тоа време, тамбурата, гитарата. Тука се и неколкуте пасоши, бидејќи многу патувал и за секое патување правел архива, фотографирал, снимал, направил своја архива која ја зачувал и сега се работи за културно наследство. Фотографиите ни кажуваат дека на секој настап сакал да настапува во народна носија, го сакал изворното во неговиот живот, а така и живеел.

Она што сакам да прашам и што е тука интересно е камерата и фотоапратот. Дали можеби има останато негови снимки и фотографии кои тој лично ги правел, па денес да ги дигитализираме и да ги прикажеме во јавноста?

Крстевски: Има, има и прожектор на кој лентите ги гледале во склоп на семејството, а ние ги чуваме тука тие снимки кои се дел од неговите настапи и се пренесени, односно снимени на тие ленти. Ги имаме сите оригинални снимки, а имаме и винилски плочи во оваа наша поставка, но заштитени ни се сите песни, оригинални се ставени на ЦД со цел да ги зачуваме. Има и грамофон тука, но не можеме да го користиме за да ги слушнеме оригиналните снимки кои тој ги поседувал. Првиот настап бил во радио телевизија Скопје во 1951 година. Неговите ќерки, гледајќи дека сакаме да го претставиме Кавадарци ни ги дадоа овие предмети. во последната трибина имаме признанија добиени за време на неговиот живот, но и постхумно. Доминира медалот кој пред 2 години ја додели претседателот на државата за „Исполнител на традиционална македонска народна песна, заслужен граѓанин“ и таа стои во музејот за да можеме да ја презентираме.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми