ВИДЕО – Раскинат договорот за реконструкција на стадионот во Прилеп, Општината на играчите ќе им додели 1,7 мил. денари

Од Општина Прилеп најавија дека на ФК Победа ќе и доделат 1 милион денари на ФК Победа, за играчите, не за клубот и уште по 120.000 денари, секој месец во наредните 6 месеци иили вкупно 1,7 милиони денари. Исто така Општина Прилеп го раскина тендерот вреден 28 милиони денари со градежната компанија „Нискоградба“ која работеше на реконструкција на стадионот „Гоце Делчев“. Според градоначалникот Илија Јованоски биле направени големи пропусти во градежните зафати, се работело без градежни дозволи и не бил испочитуван рокот за реконструкција на спортскиот објект за 90 работни дена.

 

 

„Како пример ќе наведам дека генераторот кој треба да служи за електрична енергија бил поставен во соблекувалната, што е нон сенс, за така да се направи проект. Потоа за големите рефлектори кои треба да го осветлуваат стадионот иима само решение за градба, но не и дозвола за градба“, изјави Илија Јованоски, градоначалник на Општина Прилеп.
 

Досега за 1 година биле реконструирани само 8% од предвидените работи. Од фудбалскиот клуб „Победа“ се надеваат дека наскоро ќе може да играат дома, но и самиот стадион да носи приход како за клубот така и за општината.

 

„Она што е клучно е дека не само што губи фудбалскиот клуб Победа туку губи и општината бидејќи овој стадион може да придонесува ако се стопанисува со него, може да се биде креативен и да се заработи од стадиониот“, рече Ирена Јакимоска, в.д. извршен директор на ФК „Победа“.

 

Во тек било постапка за распишување на нов тендер, а со целата ситуација бил запознат и претседателот на ФММ, Илчо Ѓорѓиоски.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци