Со проектот за реконструкција и доградба на општинскиот пат Врбоец – Свeтo Митрани – Кривогаштани се опфатени околу 3 км. Патот претходно беше во крајно лоша состојба. Во овие населени места не е направена ваква инвестиција во инфраструктурата повеќе децении, Врбоец брои 256 жители, додека Свето Митрани има 434 жители.

Оваа инвестиција ќе значи побрзо и подобро поврзување на овие населени места со Општина Кривогаштани. Се обезбеди поголема безбедност за пешаците и подобра проодност за возилата.
Патниот правец е особено важен за земјоделските поседи на жителите и стопанските субјекти кои функционираат тука. Со реконструкцијата и доградбата на патот сега се подобри нивната комуникација со урбаната средина.
Општина Крушево, секогаш за своите жители! Продолжуваме понатаму!