ВИДЕО- Ристески: За 1 година вложени 2 милиони евра во патна и водоводна инфраструктура во М. Брод

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Инфо Регион започнува со серија на интервјуа на градоначалниците од овој регион на тема една година отчет за сработеното – „Ветено-Реализирано“, што се ветило пред граѓаните за да се добие функцијата, а што се реализирало досега. Но и што се планира да се реализира во наредните 3 години.

Наш прв гостин ни беше градоначалникот на општина Македонски Брод, Жарко Ристески, на кого ова му е втор мандат. Ристески истакна дека е задоволен од реализираните наспрема ветените проекти, со тоа што за само 1 година во Општина М. Брод биле инвестирани 2 милиони евра во патна и водоводна инфраструктура во М. Брод. Се направила рекострукција на ул,, Јане Сандански,, во Македонски Брод, а се изградиле и локалните патишпта до населените места.Бенче, крак до с.Звечан и крак до с.Томино село, нов водоводен систем за с.Сланско и избрадба на нов водоводен систем за с. Црешнево и с.Старовци, а се изработиле и проектна докментација за водоводни системи за уште неколку друти населени места.

Општината започнала со селекција на отпад во градот и дел од населените места, се подобрил возниот парк и условите на комуналното претпријатие, а доста инвестиции биле направени и во образованието, како воведувањето на училишна кујна во основното училиште, воведување на кабинетска и едносменска настава. За средношколците пак општината издвоила субвенции од 50% од средстава за полагање на возачки испит.

Што е ветено, а што е реализирано за една година во општина М. Брод погледнете во интервјуто.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци