Направени се голем број увиди од страна на КЗК и откриени се поголеми неправилности. Досега има отворено 30 предмети кои покрај овој закон кој регулира заштита од нефер трговски практики, се контролира и Законот за заштита на потрошувачите, кој го контролира КЗК, истакна заменик министерот за економија, Марјан Ристески.
„Конкретно има 11 предмети према одредени маркети и добавувачи за непочитување на Законот на нефер трговски практики. Изречени се казни од околу 200.000 евра што сметаме дека е многу малку. Овој Закон го презедовме комплетно како рол систем од европската практика, конкретно од Хрватска, меѓутоа гледаме дека има голем број недоследности особено во казнената политика. Во текот на почетокот на оваа година ќе инсистираме да има одредени промени во казнената политика и повеќекратно зголемување на казните, така да очекуваме казните од 20.000 евра повеќекратно да се зголемат, дури до 200.000 евра. И што би било новитет, не само маркетите и трговците туку да сносат одредени казни за непочитување на овој Закон и самите добавувачи, додаде Ристески.