ВИДЕО – Света Гора – местото каде срцето постојано трепери преку молитвата слушајќи ја тишината

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


И оваа година по трет пат по благословот на Пресвета Богородица успеавме да стигнеме на Света Гора Атонска – Нејзината градина. Во оваа моја трета репортажа за ова место направена за порталот Инфо Компас ќе се обидам повторно да ви го пренесам животот во оваа монашка држава која се наоѓа во Грција, на третиот крак на Халкидики, живот кој за многумина можеби би бил комплетно неразбирлив или нереален. ПРВАТА и ВТОРАТА репортажа може да ги погледнете со клик на овие линкови.

По кој знае кој пат повторно се докажа тоа дека тука не важи тоа што вие сакате, туку тоа што ќе ви се даде. А оваа година навистина ние добивме многу, иако на почетокот изгледаше дека можеби нема воопшто и да стигнеме таму.

Од Прилеп тргнавме со автомобил околу 22 часот вечерта, а пристигнавме во градот Уранополис или во превод „Небесен град“ околу 4.30 утрината. За да влезиш да Света Гора мора да добиеш виза „Диамонтидис“ која што ја дава или некој од 20-те манастири или канцеларијата во гратчето Кареја, главниот административен центар на Света Гора.

Канцеларијата во Уранополис за издавање на визи отвора во 6.00 часот, а веќе тука чекаа поклоници, буквално од целиот православен свет. Автомобилот може да го оставите на паркингот отспротива, каде за 4 дена престојот ќе ве чини околу 19 евра. Има места и за електрични автомобили.

Освен ако немате посебен благослов од некој од манастирите на Света Гора може да присуствувате само 3 вечери. Визата чини 25 евра, исто како и претходните години.

Откако ќе го земете Диамонтидисот, веднаш купувате карта за брод, од бродската компанија која се наоѓа веднаш над канцеларијата за издавање на визи. Но годинава имаше проблем. Поради лошото време и големите бранови бродовите не пловеа уште од претходниот ден. А тоа е единствениот начин да влезиш на Света Гора, со брод. Копнени патишта нема.

Гратчето Уранополис беше преполно со поклоници кои спијале тука 2 дена со надеж дека времето конечно ќе се смири и ќе тргнат бродовите. Карти сега продаваше друга бродска компанија од каде истакнаа дека ќе има само еден брод тој ден, најголемиот фери бот, кој може да влезе во пристаништето и покрај брановите, но под услов сепак времето да смири.

После повеќе часови чекање, турканици, неизвесност и страв дали воопшто ќе појдеме започна продавањето на карти. Се качивме на бродот и тргнавме кон главното пристаниште на Света Гора – Дафне. Бродот пловеше само до тука и назад. Но тоа беше огромен проблем затоа што потоа секој од вернциите треба да се снајдува како знае да отиде во манастирот каде има благослов за спиење првата вечер. Во секој манатстир можеш да останеш само по еден ден.

Ние првот ден требаше да преноќеваме во бугарскиот манастир Зограф. Но за жал бродот не застана на нивното пристаниште, а пешки од Дафне до таму има околу 25 км тежок планински терен.

Во Дафне влеговме во комбе кое носеше патници до најблискиот манастир тука – Свети Пантелејмон. Тргнавме со надеж дека руските монаси нема да не вратат назад што и се случи. Ни дадоа престој и покрај тоа што претхоидно немавме аплицирано таму.

Свети Пантелејмен е можеби највелелепниот манастир на Света Гора. Со својата карактеристична зелена боја на покривите на црквите и конаци е препознатлив отсекаде. Место толку убаво средено, толку чисто, толку тивко и мирно, букбално како да се наожаш во рајот.

Тука бевме и минатата година, па голем дел од работите ни беа познати. Во манастирите главниот типик е скоро секаде ист, а потоа секој од нив си има посебни правила. Најчесто вечерната богослужба е околу 18 или 17 часот, потоа за сите верници има трпеза, а откако ќе заврши трпезата потоа сите се враќаат во црквата да се поклонат на моштите кои ги има манастирот. Интересно е тоа што го видовме  тука јавна исповед на монасите на средината од црквата, каде потоа старецот им чита разрешна молитва.

Другиот ден утринската богослужба започнува околу 4 часот. По Божествената Литургија има повторно трпеза. Она што го забележавме кај рускиот манастир е тоа дека таа трпеза е на еден начин продолжување на Литургијата. Односно храна за душа и за тело. Додека се јаде цело време еден монах чита од Делата на апостолите, а откако ќе се заврши со трпезата се враќаат сите повторно во црквата на му се заблагодарат на Бог.

Нешто што ние во светот сме заборавиле да го правиме, односно да бидеме благодарни за тоа што го имаме. Сме ја заборавиле за жал благодарноста некаде далеку скриена од нас. Единствено што знаеме е само да негодуваме и да не сме задоволни од ништо.

На Света Гора се започнува и завршува со молитва. Самиот ден започнува со молитва, јадењето како и секоја друга останата работа, се е поврзано со молитвата која тука ја има 24 часа.

Од Свети Пантелејмон кој е 19-ти по ред во хиерархијата на Света Гора од 20-те манастири се упативме пешки до соседниот манастир Ксенофонт во каде имавме престој за спиење вториот ден. Тој е 16-ти по ред во Светогорската хиерархија.

Манастирот е посветен на Свети Ѓорѓи и има 2 цркви, едно помала и постара и друга поголема. И двете се посветени на овој светител. Големата црква е огромна. И после црквата во скитот на Свети Андреј во Кареја и втора по големина на Света Гора. Тука се поклонивме на голем број мошти кои ги поседува манастирот, а присуствуваме и на сите богослужби. Имаше мошти од Свети Стефан, Свети Трифун, Света Марина, Свети Пантелејмон, Свети Ѓорѓи и многу други.

Прекрасен манастир каде како и секаде на Света Гора владее мирот, спокојот и пред се тишината. Света Гора е место каде може ја слушнете тишината. Тоа е место каде секој ден се одржуваат по можеби околу 100 литургии и каде непрестајно, со секое откуцување на срцето на монасите се кажува Исусовата молитва – „Господи Исусе Христе Сине Божји помилувајме мене грешниот“. Предворје на Рајот.

Откако малку одморивме тука пред вечерната богослужба го посетивме и блкискиот манастир Дохијар, посветен на Светите Архангели Михаил и Гаврил, каде се наоѓа третата по ранг чудотворна икона на Света Гора – Богородица Брзопослушница.

Се поклонивме на неа, а чувството кога се наоѓате сами со неа во малата просторија која се наоѓа од десната страна на трпезаријата не може да се опише со зборови.

Третиот ден се упатувме со брод повторно кон пристаништето Дафне од каде со потоа со комбе заминавме за Кареја. Тука повтрорно имавме можност да ја начекаме отворена Протатската црква каде се наоѓа најпочитуваната икона „Достојно ест“ на Света Гора. Иконата се наоѓа во олтарот. Тука доаѓаат  стотици верници од целиот свет само да се поклонат пред оваа чудотворна икона.

Пред таа икона Архангелот Гаврил во 982 година на еден монах му ја отпеал песната „Достојно ест“ во чест на Богородица. Архангелот Гаврил преправен во монахот потоа со прстот на камена плоча ги запишал стиховите и од тогаш се пее оваа црковна песна.

Од тука го посетивме краткјо манастирот Кутлумуш кој се наоѓа на периферијата на Кареја, а потоа се упативме кон манастирот Ивирон.

Патот води низ прекрасни шумски предели.

По патот ја посетивме и келијата Панагуда на старецот Пајсиј, кој е починат во 1994 година, а во 2015 од страна на Вселенската Патријаршија е прогласен за светител. Во оваа келија живеел од 1979 година се до 1994 година кога поради болеста заминува во Суроти, женски манастир во близина на Солун каде и починува. Денес неговиот гроб е посетен од голем број православни верници од целиот свет.

Во келијата, каде се наоѓа и малиот параклис, се чувствува навистина голема благодат, како и неговото духовно присуство.

Од тука продолживме до манастирот Ивирон, кој порано бил Грузиски, а сега е Грчки. На Света Гора постои правило ако манастирскот братство падне под бројката 7 тогаш манастирот го презема друг помоќен манастир.

Ивирон е вистинска тврдина. Огромен манастир, кој наликува на замок. Тој е трет според хиерахијата на Света Гора. Пред него се Великата Лавра, првиот манастир тука, кој посетивме лани и втор е манастирот Ватопед, кој за жал не успеавме да го посетиме оваа година, затоа што првата вечер не преспијавме во манастирот Зограф, во чија близина се наоѓа Ватопед.

Во манастирот Ивирон се наоѓа втората по ранг чудотворна икона на Света Гора, Богородица Портаитиса. Соред преданието таа доаѓа по вода до манастирот, монасите ја земаат и ја поставуваат во црквата. Но истата утрината ја наоѓаат на едно место пред манастирската порта. Повторно ја враќаат назад и истото се повторува 3 дена, кога на еден монах на сон му се јавува Богородица која му кажала дека таа ги чува нив, а не тие нејзе и затоа треба да стои до портата.

Од тогаш тука е направен параклис каде денес се наоѓа иконата.

Богослужбите се држат во главната црква, но за Литургијата монасите и присутните верници се префрлаат во параклисот кај Богородица Портаитиса. Присуството таму е како да се стои пред самата Бого Мајка.

Според преданието во тој момент кога ќе ја снема иконата од Иверскиот манастир тоа ќе биде еден од знаците за доаѓањето на Антихристот.

Во близина на Иверскиот манастир се наоѓа и местото каде за прв пат стапнала Богородица на Света Гора. Имено сппоред преданието со дел од апостолите таа заминува за Кипар, но силната бура ја носи до Света Гора. Таа стапнува на ова место и тука потекува извор кој извира до денес. Од тогаш таа го благословува ова место и бара од нејзиниот син тоа да биде нејзината градина. Така и настанува Света Гора. Таа сцена опишана е и на една фреска на влезот од манастирот.

Тоа беше последниот ден од нашето 3-то патување на Света Гора. Зад нас го оставивме ова чудесно место со надеж дека повторно ќе се вратиме тука најбрзо што можеме.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми