ВИДЕО- Светски форум за ориентален тутун во Прилеп – како да се зачува тутунопроизводството наспроти строгите правила на СЈО

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Во Прилеп се одржува Форум за ориентален тутун во организација на Меѓународната асоцијација на одгледувачи на тутун (ITGA) и Сoјузот на производители на тутун – „Мака на тутуноберачите“ – Прилеп. Присуствуваат претставници на 12 држави членки на Светска и Европската асоцијација на држави производители на тутун ( ITGA и UNITAB ). Целта е дебата околу тоа како да се задржи производството на тутунот, кое е од исклучително економско значење, наспроти строгите правила на Светската здравствена организација.

„Главната цел на UNITAB е да го застапува интересот на тутунопроизводителите во Европа. Сите знаеме дека тутунот е политичко прашање во Европа, токму затоа се обидуваме да ги убедиме политичарите дека ние сме законски дел од земјоделството, дека произоведуваме висококвалитетен производ кој што е нашироко и надалеку познат. Европскиот тутун е познат низ целиот свет и се произведува во рамките на многу строги правила, исто како во Македонија. Секако сваќаме дека здравствените прашања се многу важни, но имаме потрошувачи кои сакаат да го користат нашиот производ и сакаат да бидат заштитени, затоа што светот на тутунот се менува. Па сакаме да ги увериме политичарите дека треба да работат на политика која се заснова врз намалување на штетата“, вели Пшемислав Новорита, генерален секретар на UNITAB.

 

„Сите знаеме дека на некој начин чадот од цигарите го загрозува здравјето на луѓето, но не секогаш со агресивна политика се стигнува до саканите цели. За помош на сето тоа се разбира тука се земјоделците да ни помогнат во сето тоа. Тоа што ќе спречиме, или ќе се намали садењето во некои зони на некоја култура тоа значи дека ќе се премести таа во некои други зони каде што ќе се сади повеќе“, кажа Џенаро Масиело, претседател на Европската асоцијација на држави производители на тутун UNITAB.

 

„Тутунот е еден од најрегулираните производи во светот и со оглед на тоа што производството на тутун и самата потрошувачка и користење на тутун има мошне негативна репутација, ние сметавме дека овој Форум има за цел и може да помогне да се сретнат сите алатки од ланецот и на производство и на пласман и на политики на одлучување“, рече Васкес Мерцедес, Меѓународната асоцијација на одгледувачи на тутун (ITGA).

Од пред неколку месеци Македонија освен на Европската сега е полноправна членка и на Светска асоцијација на држави производители на тутун. Ова за нашата држава е можност за зголемено производство и оформување на подобра откупна цена на тутунот.

„Цврсто сме застанати против борба, Светската здравствена организација, европските регулативи, бирократите, да застанеме на патот за да не го уништат ова производство. Сета цел за ова здружување, на овие сите асоцијации е да го заштитиме тутунопроизводството, односно да кажеме стоп за бирократите, за уништување на оваа култура“, додаде Кире Ристески, претседател на Сојуз на тутунски здруженија на Македонија.

 

„Ова пред сѐ за Македонија значи едно мапирање на Македонија на големата светска мапа, која е една од поголемите производители на тутун, особено Прилеп и прилепскиот регион, но нормално да не ги заборавиме и останатите региони во Македонија, каде тутунот кај нас се појавува како една значајна култура со производство на некои скоро 30 милиони килограми на годишно ниво. Кога тоа би го пресметале во економски бројки, тогаш би кажале дека има некои добри 150-160 милиони евра влез на средства во државава“, изјави Борче Серафимовски, Министер за земјоделство.

„Прилеп функционира и дише за тутунот и слободно можам да кажам дека главната економска гранка која ја имаат граѓаните во Прилеп е тутунопроизводството. Сметам дека вистинскиот настан е на вистинско место, иако еве после долги години повторно се одржува, цела светска јавност која е во тутунопроизводството и во науката е собрано овде денес во нашиот Прилеп, кремот на оваа дејност и сметам дека се разменија доволно добри искуства денес за продолжување и унапредување на производството на тутун“, рече Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

Овој настан ќе продолжи и утре/денеска кога ќе се одбележи и Светскиот ден на тутунопроизводителите во центарот на Прилеп на Камената бина.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци