Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Години наназад сообраќајната струка излегува во пресрет на сите овие настани кои ги организира локалната самоуправа, спортските здруженија, или некои културни настани. Во склоп на сообраќајната струка успешно фигурира и е активна сообраќајната училишна единица, која е обучена за промена на режимот на сообраќај кој треба да се случи за време на овие настани, истакна Виолета Секулоска, професор по стручни предмети во СОУ „Ристе Ристески – Ричко“.
„Сега соработката е подигната на едно повисоко ниво точно со Неделата на мобилност поради тоа што 2 компании нѐ удостоија и нѐ поканија да бидеме нивни рамноправен партнер во збиднувањата. За овие настани кои треба да се случат оваа недела повторно се активирани учениците, во зависност од тоа колку е голем настанот. Често пати имаме покриеност на целокупното централно подрачје за поголема безбедност за време на настанот. Се надевам на соработка и од граѓаните, да бидат трпеливи, затоа што овој настан е добробит за сите нас, да видиме како еден ден можеме да излезиме на крај со нашите секојдневни активности без да примениме моторно возило“, рече Секулоска.