ВИДЕО- Се поизвесно покачување на водата во Прилеп за 29,3%, Водовод должи 40 мил. ден, загубите на вода се 53%

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Се поизвесно е дека прилепчани од Нова Година ќе плаќаат повисока сметка за вода за околу 29,3%. Цената на водата ја утврдува Регулаторна комисија врз основа на извештаите кои ги доставува прилепски водовод. Комисијата доставила 2 цени минимална и максимална, со препорака Водовод да ја усвои просечната. Од ова Водовод одбрале да одат со цена нешто под просекот. Доколку не се покачат цените било утврдено дека ова Јавно претпријатие не може нормално да функционира. Овие цени ако ги усвои Советот ќе важат за 3 години од 2027 до 2029 година.

„Водовод и Канализација мора да пристапи согласно Закон на утврдување на цени на водни услуги. Ќе можеме и да функционираме непречно и да ги подобриме нашите услуги кон корисниците и да не ги оптеретиме нашите корисници со екстремно зголемување на цената на водата. Ако не се прееми ова ќе има нефункционалност на претпријатието не можење на пример да си ги подмири обврските за гориво, ако не може за гориво нема да може да се оди да се поправаат дефекти, да не зборувам за цената  на репроматеријалите која за неколку години е зголемена за неколку пати. Врз основа на наши пресметки, а сакајќи и да излезиме во пресрет на граѓаните ние сме минимално под таа препорача просечна цена. 51,4 денари по метар кубен за водоснабдување, за одвод е предложена просечна цена од 7,41 денари, тука сме ние 7,4 денари и за третман на отпадни води просечната цена е 27,13, а ние одиме со 26,9 денари“, истакна Ѓоко Јочкоски, директор на ЈКП Водовод и Канализација – Прилеп.

Претпријатието во моментов е во долгови од околу 40 милиони денари. 12 милиони денари се кон ЈП „Студенчица“, а останатиот дел кон други побарувачи. Нема конкретен одговор како претпријатието се довело до ваква ситуација.

„Не е добра финансиската состојба, станува збор за наследени обврски кон добавувачи кои полека се трудиме да ги сервисираме и да ги намалуваме. Кон Студенчица се 12 милиони денари, а вкупно се 40-тина милиони денари. Бидејќи состојбата финансиска не е задоволителна не сме во состојба да преземеме реконструкција на водоводната мрежа“, изјави Јочкоски.

Загубите на вода се 53%, од нив пак 20% отпаѓаат на населбата Тризла и околината. За загубите виновна е старата водоводна мрежа која треба да се смени уште околу 140 км., но исто така и кражби и несовесно трошење. Сега загубите мора да ги плаќаат граѓаните, а законски нема можност да се исклучат оние кои крадат вода или неплаќаат.

„Не можеме да извршиме исклучување на корисник по закон. Доколку се примени истата регулатива како за кражба на струја и за кражба на вода, каде кражбата на електрична енергија се смета за кривично дело, тогаш и кај нас ве уверувам дека многу од корисниците кои на диво се вклучиле сами ќе се исклучат заради можноста од законска регулатива и казни“, додаде Јочкоски.

Во моментов имало драстично намалување на водата која од изворот „Студенчица“ доаѓа во Прилеп за околу 40 литри во секунда, односно во Прилеп сега стигнувале само 180 литри во секунда и околу 25 литри во секунда од старите градски извори. Потребни се уште околу 40 литри, затоа се вршелот подготовки за вклучување на бунарите во функција.

„Имаме бунарски постројки кои се дпоплнителни и ќе ги ставиме во функција доколу има потреба од нив. Се работи за бунарско поле Бегова Ливада, сега работиме на полето Кешовица-Орушица, така да имаме уште алтернтиви. Студенчица е основен извор за град Прилеп, а бунарите се интервентни кои може годишно да се употребувата 2-3 месеци.  Тоа би било прилично оптеретување за водоводниот систем, никогаш сите бунари не се пуштиле наеднаш во функција. Сите заедно имаат капацитет од околу 170-180 литри во секунда“, истакна Јочкоски.

Најмногу вода прилепчани трошеле во недела и тоа околу 450 литри вода по глава на жител што било далеку над европскиот просек.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци