ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
Ние генерално го кажавме нашиот став дека нема никаква потреба, ниту оправдана за зголемување на даноците. Препораката која со половина уста ја дадоа академици пред некој ден и нели заедно со онаа препорака за зголемување на даноците беше да се штеди, односно да не се троши на неесенцијални расходи во буџетот. Ова денеска во Прилеп го истакна Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ, после средбата која врвот на партијата ја оствари со прилепските бизнисмени.
„Секое зголемување на даноците во ваква состојба кога економијата треба да се одржи како никогаш досега, значи удар врз економијата и нема да донесе ништо добро, така што мислам дека проблемот со јавниот долг треба да се решава на друг начин, затоа што ќе биде сериозно прашање во иднина, затоа што ќе се зголемуваат каматните стапки на светско ниво. Тој друг начин е со поддршка на економијата, не со зголемување на даноците, рационално трошење на средствата, со цел да можеме и дополнително да позајмуваме средства од разни извори за проектите кои ги предвидуваме, меѓудругото како што беше автопатско поврзување на Прилеп со Велес“, изјави Славески.
[elementor-template id=”49285″