ВИДЕО- Со оптимизацијата М. Брод укина 3 од 6 подрачни училишта и за прв пат воведе целодневна настава во централното училиште

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Општина Македонски Брод со оптимизацијата годинава укина 3 од 6-те подрачни училишта и за прв пат воведе целодневна настава во централното училиште „Св. Климент Охридски“ за ученици од 1 до 3 одделение. Сега учениците се таму од 7 до 15.30 часот и за нив се грижат и ги едуцираат по 2 наставнички во 2 смени.

Се реализира со учениците во 3 паралелки, со ученици од 1, 2 и 3 одделние, така што реализатори се двајца наставници кои си ги делат своите активности, така да едниот наставник едната недела ја реализира редовната настава претпладне, а попладне другиот наставник ги реализира другите активности. Наредната недела наставниците се менуваат, така што овие двајца наставници се подеднакво важни за учениците“, истакна Тони Ставрески, директор на ООУ „Св. Климент Охридски“ од М. Брод

Учениците тука ги пишуваат своите домашни задачи, а на училиште го чуваат и целиот свој прибор и книгите. За оние дечиња пак на кои што им треба мал одмор од учењето има обезбедено и посебна просторија за тоа. Училиштето исто така воведе и кабинетска настава по сите предмети.

Има училници опремени како кабинети, може да го истакнеме посебно опремен е кабинетот по информатика и кабинетот по природни науки. Исто така имаме и кабинети по јазиците, историја, географија. Од минатата учебна година, според наставниците и нивните мислења, имаме поквалитетна и поефикасна настава настава со реализацијата на кабинетската настава“, додаде Ставрески.

Основното училиште „Св. Климент Охридски“ од М. Брод стана и едиственото училиште во Македонија кое сега има сопствена кујна со топол оброк за учениците.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци