Со подигнување на ромското знаме на јарболот пред Општина Прилеп денеска започна одбележувањето на 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите. Чествувањето продолжува со богата културно уметничка програма попладнево во 17 часот во големата сала на Центарот за култура Марко Цепенков.
„Општина Прилеп покрај ова декларативно одбележување само на овој ден, 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите, прави сериозни напори за да го подобри квалитетот на живот во населбата Тризла каде што е сконцентрирано ова население, па така би најавил дека во следниот период за овој ден на градот ќе се изработат 4 Детални урбанистички планови. Два веќе се во тек кои треба да бидат преземенил нацртите се донесени. Продолжуваме да аплицираме на сите Програми кои даваат сериозна поддршка на Ромското население во Македонија, а ние како Пшштина допоплнително ќе продолжиме со инфраструктурни проекти во населбата Тризла. Таму ни се предвидени да постелиме над 4 км. асфалт. во овој 4 годишен мандат. Но јас се надевам дека дел од работите ќе ги завршиме и оваа година. Аплицираме на сите проекти кои значат подобрување на квалитетот на живот на нашите браќа Роми. Кои ги имаме во голем број во Општина Прилеп“, изјави Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.
„Се надеваме дека со вложување на голем напор ќе ги подобриме условите за живеење во населба Тризла. Има одредени проблеми од аспект на домување, образование, инфраструктура итн… Наша цел е заедно со Општината да работиме максимално и да ги подобриме условите за живеење во населба Тризла. Имаме населба каде нема вода, како што е населбата Три Багреми, инфаструктурни проблеми има големи, но сериозно размислува градоначалникот за решавање на проблемите во населба Тризла“, рече Алмир Сулејманоски, претставник на ромската заедница.