Само што попладнево се санираше големиот дефект на хидросистемот во Прилеп, за неколку часови, повторно пукна цевката која со вода го снабдува делот од полето т.н. „Лева падина“. Земјоделците велат дека е потребна промена на целиот тој дел од цевки затоа што ова за месец и половина, колку што траат проблемите, се случувало неколку пати. Од А.Д. Воодостопанство на Македонија велат дека утре, кога ќе се повлече водата од ископаната дупка, повторно ќе се дојде со работници и механизација за да се види што точно се случува.