Анета Таневски од ООУ „ Добре Јованоски“ од Прилеп е прогласена за најинклузивниот наставник во Македонија во рамки на тригодишниот проект „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“ на Здружението „Отворете ги прозорците“ и Детската фондација „Песталоци“. Таа веќе 4 години со огромна љубов, трпение, разбирање посветеност и голема пожртвуваност работи со ученичката Ана Талеска, со оштетен вид. Која сега после 4 години е комплетна вклопена во образовниот процес. Но самиот процес на работа на лице со оштетен вид и неговото описменување и не е така лесна работа.
„Успеав да направам една симбиоза во одделението, да биде Ана прифатена и Ана да ги прифати другите ученици, сето е тоа заедничко, не може ако Ана ги прифаќа учениците, тие да не ја прифаќаат. Исто имав голема поддршка од училиштето, како и да било средства и ресурси кои ми беа потребни сите бевме вклучени, од директор, наставници, технички персонал, хаус мајстор, значи се што ми требаше за Ана, што мислев дека ми требаше за Ана. Немав никаква обука, прв пат се сретнував со таа проблематика, не знаевме како да работиме. Беше навистина период што буквално го работев со страв нештото и ми беше страв колку и дали Ана ќе напредува, дали ќе се вклопи во моето одделение“, вели наставничката Анета Таневски.
Светла точка во целиот процес е монетот кога Ана пеку проектот ја добива Брајовата машина и можноста многу подлабоко да се впушти во совладување на целиот образовен процес.
„Ана е сега описменета на брајова машина, знае да чита и да пишува и јас сум среќна и задоволна од тоа што е постигнат успехот во моето одделение и наградата што ја добив како инклузивен наставник на конференцијата ја посветив на моето одделение, бидејќи јас не можам да бидам наставник ако немам ученици, а учениците се тие кои што ја прават инклузијата, што го прават прифаќањето. Инклузијата не е нивото на образовние, колку високо во образовниот процес постигнале децата, туку е дека им е мило да одат на училиште, сакаат да одат, да бидат среќни, радосни, да се прифаќаат еден со друг и да не се осудуваат“, додаде Таневски.
Но сепак наставничката Таневски потенцира дека инситуциите треба да дадат посоодветна поддршка при наставниот процес на ваквите лица. Затоа што сега самите наставници без соодветна обука се трудат да го извадат најдоборот од ваквите деца.
„Како што учеше Ана така и јас ја учев брајовата азбука, и јас го учев брајовото писмо, бидејќи не го знаев и прв пат се сретнав со таа проблематика. Поддршката што ја добиваме од асистентите, јас 3 асистенти сменив за Ана и со напор од директорката остана асистентот да продолжи од второ до четврто одделение, јас во прво одделение имав 3 асистенти што и се сменија на Ана. Асистентот треба да се навикне, да се научи на работата, и н само да се научи асистентот, треба и децата да го прифатат. И кај Ана се јавуваше проблем додека ја прифатив, не можеме веднаш да го прифатиме нештото. Јас мислам дека образовните асистенти треба да имаат голема поддршка и да бидат обучени за тоа што работат со тоа дете, со работат со каква попрченост што има детето. Ние целиот процес го осмислувавме, имавме целосна комуникација со тифологот, Ана еднаш неделно оди на тифолог во Битола, има комуникација со тифологот кој ни даваше поддршка. Лани асистентката на своја драга волја одеше да ги следи часовите со тифологот за да знае како е методот на работа за да можеме да постигнеме нешто кај Ана. Ние останавме сами да ги осмислуваме работите како што ние мислевме дека е правилно, немавме никаква обука за конкретниот случај за дете со оштетен вид“, поетенцираше Таневски.
Со Ана како образовен асистент веќе 3,5 години работи Јасмина Стојаноска, која е малксимално посветена на растот и развојот на Ана во образовниот процес.
„Најголемите предизвици кога почнав да работам со Ана беа кога се запознав со брајовата машина за прв пат и не знаевме како треба со неа да се работи, меѓутоа со посетите и индивидуалните часови кои Ана ги посетува во Битола кај тифологот во ресурсниот центар. Несебично ми дозволи да присуствувам на тие часови за да можам да го учам заедно со Ана и брајовото писмо, како Ана ги учеше буквите со нејзиниот тифолог така и јас исто ги учев за да можеме да даваме поддршка, да работиме на училиште, за да денеска со мала помош и насочување Ана пишува и чита.
Што беше најтешко?
Не беше ништо тешко затоа што нештото го работиме сите заедно со многу љубов, многу труд. Трудот кој го вложувавме се исплати, моментално таа чита и пишува, така да не беше ништо тешко, немавме потешкотии. Таа треба да пишува и да чита, да се описмени, така да целиот труд и напор беа вложени за таа што може посамостојно да чита и да пишува“, истакна Јасмина Стојаноска, образовен асистент.
Ана е максимлано прифатена од сите ученици, така што уште од најмали нозе инклузијата за овие дечиња е составен дел од нивното секојдневие. Инаку инклузивноста е нешто што е посебен белег или бренд на ООУ „Добре Јованоски“ затоа што ова училиште во Општина Прилеп е карактеристично по тоа што тука, за разлика од другите училишта учат деца од различни етнички заедници и културуни средини.
„Ние секојдневно инклузивно работиме во нашето училиште. Во нашето училиште имаме поголем број на деца роми и деца кои не се роми и ние секојдневно ги влучуваме и профаќаме различностите на другите. Имаме ученици од дисфункционални семејства, од ранливи категории и ние ги прифаќаме сите ученици и работиме како едно. Често пати сакам да кажам дека ние сме едно мултикултурно множество, едно големо семејство каде сите заедно и посветено работиме на инклузијата до ден денес. Оваа награда за нашиот наставник Анета Танеска беше гордост на сите колеги, Анета посветен просветен работник со долгогодишно искуство, но и таа се најде пред еден голем предизвик на самиот почеток со нашата ученичка, кога и беше доделен ученик со оштетен вид. Прво е чест да земиш едно такво дете, затоа што родителите ве избрале баш вам, вие да скроите ја скроите иднината, затоа што ние сме на некој начин и кројачи на иднината на нашите ученици, на нашите деца. Ане беше на вистинскиот пат и беше добар кројач, постави цврст темел на самиот почеток и денес имаме резултат, имаме описменета ученичка со атипичен развој, со оштетен вид. Јас верувам и знам кога јас се најдов пред таков предизвик и страв, верувам како и било на колешката, но никогаш не се поколеба, само идеше кај мене в канцеларија и велеше сега ова треба да го направиме за Ана, сега она треба да го направиме за Ана. Верувајте немавме ништо, буквално од тие ресурси кои ги имавме во училиштето, хаус мајсторот заедно со наставничката правеа се што беше потребно, се до оној момент кога Општина Прилеп склучи меморандум за соработка со „Отворете ги прозорците“ и „Песталоци“ и ние бевме вклучени како училиште и тогаш започна нашата прва помош. Прво што побаравме беше нормално брајова машина за описменување на Ана, потоа наредната година добивме и смарт табла за ученичката која беше прилагодена према најзините потреби и на која заедно со наставничката работеа. Така да инклузијата за нас не е ништо ново, но ново е што го имаме најинклузивниот наставник во Македонија, на што сме особено горди“, изјави Панде Магдеска Николоска, директорка на ООУ „Добре Јованоски“ – Прилеп.
Таневски за крај ена порака со сите нејзини колеги, родители и ученици.
„Пораката до сите наставници ми е дека треба да ја сакаме пред се работата, да ги сакаме децата, да им даваме љубов, да се однесуваме со љубов према нив, тие тоа го учат бидејќи се мали и можат да се постигнат успеси, не со различни скапи наставни средства или помагала, сето да биде да се разбираме и почитуваме меѓу себе, да си ги почитуваме различностите бидејќи сите сме различни, ако ги почитуваме различностите ќе имаме успех“, посочи Таневски.
Колку повеќе ги надминеме различностите помеѓу себе, во толку подобро општество ќе живееме.