Тука сме да кажеме дека општината Долнени навистина заслужува едно поголемо внимание од страна на централната власт, со оглед на тоа што патот од Ропотово, преку Секирци, Костинци до Црнилиште е во надлежност на Државни патишта, на ЈПДП и ние ќе го ставиме во планот за следниот период, следната година да почне проширувањето на овој регионален пат, кој ги поврзува овие населени места, а кои се од исклучително значење за општина Долнени, рече Коце Трајановски, директор на ЈПДП.
„Тоа ќе биде направено преку јавното претпријатие „Македонија пат“, беше планирано и оваа година, но не успеавме поради низа други приоритети. Исто така и патот од Лажани до Житоше, кој исто така е во надлежност на државни патишта и тој ќе биде проширен од 3.5 на 5 метри и со тоа ќе се подобрат условите за живеење и движење, ќе се подобри безбедноста на луѓето и се надеваме дека ќе имаат поудобен начин на живеење во општина Долнени.
Затоа сме тука да му дадеме поддршка на кандидатот за градоначалник Сашо Велјаноски за градоначалник на општина Долнени, затоа што сметаме дека неговата програма, неговата визија, неговата енергија ќе допринесе за еден поголем развој на општината Долнени и во соработка со централната власт да направи многу проекти кои се во програмата на господинот Сашо Велјаноски, а со тоа да ги подобриме условите за живеење на општината Долнени“, Трајановски.