ВИДЕО – Христоски: Обиколница, спортско-рекреативен центар „Гумење“, ново полетувалиште, нова водоводна мрежа и патишта

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


СДСМ заедно со коалицијата вечерва го започна изборниот караван од Крушево. Пред присутните се обратија лидерот на  оваа партија, Венко Филипче, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за нов мандат и носителот на листа Трајче Калевски. Христоски истакна дека Најдоброто за Крушево допрва доаѓа и наброја повеќе проекти кои планира да ги реализира во наредните 4 години.

„Во следните четири години ќе направиме голем исчекор:

  • Сигурна вода: нова мрежа, современ систем за следење, нови пумпи и електроопрема – секој дом ќе има стабилна и чиста вода.
  • Чиста животна средина: интегрирано управување со отпадот, нови контејнери, современ камион, центар за отпад, чистење диви депонии и јавни кампањи.
  • Сообраќај и безбедност: обиколница за да го растовариме центарот и да го намалиме загадувањето.
  • Туризам и авантури: ново полетувалиште „Црн Врв“ со два терени за параглајдинг и нови планински и велосипедски патеки со дигитална мапа.
  • Градска инфраструктура: спортско-рекреативен центар „Гумење“ со пешачки патеки, детски парк и smart LED осветлување. Реконструкција на Домот на култура и модерен Градски пазар.
  • Патишта и пристапи: нови патишта до Свети Спас, Свети Василие и „Ручало“ со паркинг за 50 возила.
  • Образование и млади: реконструирани училишта, дуално образование, субвенции за сите средношколци во СОУ „Наум Наумоски – Борче“.
  • Семејства и деца: финансиска поддршка за секое новороденче – затоа што иднината почнува со нив.
  • Поддршка за ранливи категории: еднократна помош, корисна работа за старите и изнемоштени лица, грижа во нивните домови.
  • Спорт, култура и туризам: поддршка за спортски клубови, културни здруженија и меѓународни натпревари во параглајдинг.

Ова е нашата визија – Крушево кое е модерно, европско, чисто и полно со живот. Драги пријатели, ова не е само програма. Ова е визија. Ова е животна шанса за секој од нас. Ова е референдум за нашето Крушево – уредено и полно со живот. 

Разликата е јасна – каде беше Крушево до 2017 година и каде е денес. Денес сме модерен град, гордост за Македонија. Заедно, Македонци, Албанци, Власи, Турци, Бошњаци – покажавме што значи соживот и заедништво. И тоа е нашата најголема победа! Јас не ветувам невозможни работи. Јас ја ветувам истата чесност, иста енергија и иста борбеност како и изминативе осум години. Ветувам дека ќе бидам вашиот глас, вашиот сојузник и вашиот градоначалник.

Сега е моментот повторно да застанеме заедно. Да го зачуваме она што го изградивме и да продолжиме уште посилно, уште похрабро и уште поодлучно. На 19 октомври, гласајте за сигурниот пат, за тимот што работи за вас, за СДСМ, за бројот 5 и за мене како ваш градоначалник“, рече Христоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми