Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
11 Октомври е симбол на храброста и решителноста на македоскиот народ да се избори за слобода и достоинство. Тоа беше почеток на борба против потчинетоста, а денес борба против неправдата, корупцијата и партиските окови, рече Борче Чупетрески, независен кандидат за градоначалник за Прилеп.
„Како што нашите предци се кренаа за независност на државата, така ние „Независните“ се кренавме за независност на граѓаните од партиските притисоци, од поделбата и од стравот. 11 Октомври нека биде почеток, дека секоја генерација има своја борба за слобода, нашата е политичка независност. 19 октомври нека биде почеток на нова независна политичка ера на општина Прилеп. Нека ни е честит 11 Октомври, Денот на народното востание во Македонија“, рече Чупетрески.