ВИДЕО- Ќе се издвојат дополнителни 300 милиони денари за најатрактивната мерка од Оперативниот план, самовработување

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Поради големата заинтересираност на младите за активните програми и мерки за вработување од Оперативниот план на Владата и желбата да се отвори свој сопствен бизнис Министерството за економија и труд ќе предложи пренамена на средства од постојаниот Оперативен план околу 300 милиони денари да се издвојат за најатрактината мерка, самовработување.

„Бидејќи беа предвидени некаде околу 1.750 нови бизниси кои би ги поддржале Министерството за економија преку АВРМ, но имавме некаде околу 6.000 пријави, и спрема тоа ние како Министертсво како предог ќе доставиме на наредна седница на Влада и очекуваме да имаме алокација на средства од постојаниот оперативен план да се издвојат нови 300 милиони денари кои ќе бидат употребени за оваа најатрактивна мерка, а тоа е самовработување, со што бројката некаде би се зголемила околу 2.600 лица кои би отвориле сопствен бизнис“, истакна Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд.

Најатрактивните мерки ќе бидат поддржани и со плус 160 милиони денари кои се обезбедени и со ребалансот на буџетот. Односно овие мерки ќе бидат поддржани со над 7.5 милиони евра.

„За атрактивните мерки, инаку мерката самовработување како како што кажав е веќе завршена и се има направена една селекција. Се имаат избрано најатрактивните идеи. Има останато и во резерва и мислам дека се она што е квалитетно и одржлив развој како бизнис понатаму ќе биде поддржано и субвеницонирано“, додаде Ристески.

Субвенционирањето е до 7.000 евра за лица над 29 години, а под 29 години до 10.000 евра. Постои и можност за здружување на лица над 29 години кои ќе добијат 14.000 евра, а под 29 години 20.000 евра.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми