ВИДЕО- 20-тина милиони ден. инвестиции за подобри услови во прилепските училишта, годинава 30 првачиња помалку од лани

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Прилеп е комплетно подготвен во сите училишта за утрешниот старт на новата учебна година. Обезбедени се сите потребни простори и технички услови во 10-те централни и 15 подрачни училишта. Во моментов има 5.600 ученици кои ќе посетуваат настава од 1 до 9 одделение, а досега се запишале 510 првачиња или за околу 30 помалку од лани. Но таа бројка се очекува да се зголеми затоа што запишувањето на учениците во некои училишта траело и во месеците кои следуваат. Летово се потрошиле 20-тина милиони денари за подобрување на условите во училиштата.

Се работеше на игралиштето со мека гумена подлога во ООУ „Кире Гаврилоски“ во вредност од 4 милиони денари обезбедени од основниот буџет на Оптшина Прилеп. Вакво исто игралиште треба да биде заврпешо идниот месец во ООУ „Кочо Рацин“.Се препокри спортската сала во ООУ „Климент Охридски“ во износ од 3,2 милиони денари, се привршува и изградата на термо фасадата во ООУ „Рампо Левката“, изјави градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски.

Ќе се оградува и училиштетото ООУ „Гоце Делчев“, се подготвува и урбанистичко планска документација за изградба на сали во ООУ „Кирил и Методиј “ во село Канатларци и ООУ „Страшо Пинџур“ во с Мало Коњари. Во ООУ „Добро Јованоски“ ќе се поставела фотонапонска централа, како и на покривот на гимназијата „Мирче Ацев“. А годинава биле решени и проблемите со превозот на учениците од другите општини.

„Од 8 линии 7 се завршени, а на една имаме проблем со жалба беше повлечена таа линија, пуштена е повторно на јавна набавка и мислам дека ќе има одложување само 10-тина денови од почетокот на учебната година, значи оваа година се генерално надминати проблемите со немање на превоз на учениците кои доаѓаат или од сосед ните општини или од населените места“, додаде Проданоски.

Поради реконструкцијата на студенскиот дом „Орде Чопела“ која ќе трае 18 месеци, општина Прилеп ќе обезбеди и превоз на 40-тина средношколци од Македонски Брод кои го живееја тука во текот на учебната година.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци