ВИДЕО- 6.000 ден. за секое новороденче и 3.000 ден. месечно за секој ученик запишан во прва година во крушевската гимназија

Општина Крушево одлучи да доделува по 6.000 денари за секое новороденче и по 3.000 денари месечно за секој ученик запишан во прва година од Општина Крушево СОУ „Наум Наумоски Борче“.

 

👉6 000 денари за секое новороденче
👉3 000 денари месечно за секој ученик запишан во прва година од Општина Крушево запишан во крушевската гимназија.

Работиме во интерес на децата, на младите, на родителите, за своите сограѓани, за нашето Крушево!

Posted by Томе Христоски on Четврток, 20 февруари 2025

„До Советот предложив, а советниците ги поддржаа мерките за младите родители и мотивирање на учениците да продолѓат со учење тука, во својот дом. На 57 седница Советот на Општина Крушево донесе важна одлука за доделување на овие средства. За да се оствари барањето родителите треба да достават извод од книгата на родени до општината во рок од 90 дена. Ова мерка важи за секое новороденче започнувајќи од 01.01. 2025. За да ги поддржиме учениците и за да придонесеме за еднаков пристап до образование и да ги мотивираме да се запишат тука во средното образование во Крушево донесовме одлука за 3.000 денари месечна финансиска поддршка за сите ученици од Општина Крушево кои се запишани во СОУ „Наума Наумовски – Борче“. Учениците ќе ја добиваат финансиската поддршка во период од 9 месеци. Односно до завршпувањето на првата година од образованието тука. Оваа мерка важи за сите ученици од нашата општина запишани во СОУ „Наума Наумовски – Борче“. Работиме во интерес на децата, на младите, на родителите. За нас за нашето Крушево“, истакна Томе Христоски, градоначалник на Крушево.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи