ВИДЕО- SAMOKOV EXTREME – промоција и доживување на Поречието на еден поинаков начин

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Адреналин, многу забава и прекрасно дружење во недопрената природа на Поречието. По 5-ти пат се одржа аутдор фестивалот SAMOKOV EXTREME чија главна цел  е развојот на туризмот во овој регион и ставање на Поречието на мапата на атрактивни дестинации за авантуристички туризам. Возење со теренски возила, мотокрос и АТВ возила беа едни од главните атракции и активности кои се одвиваа во поречието на изминатиов викенд.

Како што гледате ние сме тука дојдени трета година по ред, денес со атв и кросови и заедно сите тука да си поминеме убаво овие 2 дена кога се одржува фестивалот „Самоков екстрим“.

Вие сте здружение?

Не, ние сме приватна фирма, работиме сите заедно и заедно сите и се дружиме.

Доаѓате со атв, со кросови, зошто го препорачувате Поречието за ваков спорт и рекреација?

Поречиерто е едно многу убаво место во Македонија, каде има места да се помине убаво, за возење, за пешачење, за се“, кажа Благојче Петрушевски, учесник од Брвеница.

 

Учествуваме секоја година, мислам дека ова е петти пат. Учествуваме со десетина возила од различни марки, има добар терен, добра дружба, да речам прекрасно. Навистина препорачувам да дојдат бидејќи чувството тука е посебно, има добра дружба, организаторите се потрудија да обезбедат максимално и комплетно дружење. Има интересни работи што да се видат, има доста добри предели, така да мислам дека треба да посетуваат и да дојдат“, вели Даниел Србиноски, претседател на off road клубот „Убавините на Бистра“ од Кичево.

 

Ние сме група здружение на мотокрос возачи од Прилеп и идиме традиционално 5 години овде. Теренот е прекрасен, природата е прекрасна и сакаме да заживее туризмот во овој предел. Убаво си поминуваме, забавата е добра, организаторите се на ниво“, додаде Тони Миноски, мото крос здружение Диви Кучиња Прилеп.

 

Нашето здружение има околу 30 членови, сите сме со мотокрос. Инаку овде има и од други спортови, има со атв, има со џипови. Организацијата е на добро ниво и очекуваме од година во година да има што повеќе учесници од сите адреналински спортови“, кажа Сашко Тренкоски, мото крос здружение Диви Кучиња Прилеп.

Бевме дел од двете групи. Теренските возила се на релација Требовље -Фојник – Брест – Рамне – Самоков, а додека мотокросовите и АТВ возилата на релација Самоков – Ковач – Добра вода – црква Св.Никола – над с.Битово – Самоков. Во Требовље жителите ги пречекаа учениците со традиционална македонска музика. Од тука се упативме до селото Фојник од каде се има прекрасен поглед на целото Поречие заедно со езерото Козјак.

Се одржа и планинарска кружна тура во должина од 12 км. каде учесниците имаа можност да се запознаат со прекрасните предели на Поречието, каде голем дел од нив не се допрени од човечка нога.

Спој на љубителите на природата, авантурата и дружењето. Денес заедно со уште 40 планинари ќе поминеме една интересна кружна патека која е долга 12 километри низ недопрена природа, прекрасни предели во Поречието кои пленат со зеленило, чист воздух, голем број на различни видови на печурки кои се познати во овој крај и едноставно очекуваме многу добра атмосфера и супер да си поминеме“, изјави Андреј Стефаноски, член на здружение на планинари Трескавец Прилеп.

 

Имаме направено добра рута покрај реки, планина, мешовита шума, бука, даб. Почнуваме оттука, се движиме до место Крст убечки, Бачилиште, Сливно, се пуштаме кај Ковачка река и со тоа покрај селото Ковач се враќаме во Самоков.

Зошто го препорачувате Поречието како еден предел каде може да се спортува, да се планинари, да се практикува одењето во природа?

Затоа што е еден од најчистите терени во Република Македонија, ретко посетувани, што уште не се допрени од човечка рака, останати чисти природни“, додаде Влатко Трпески, жител на с. Самоков.

Поречието е неоткриениот бисер на Македонија, токму затоа секоја година привлекува огромен број љубители на овие спортови како и на природата од целата држава. А со тоа туризмот станува една и од поглавните економски гранки на овој крај.

Освновната цел на овој настан е да се запознаеме со убавините на Поречието, да уживаме во убавините, да ја пробаме органската храна од нашето Порече, всушност да се испромовира целиот регион. Во Поречието може да ја најдете најчистата природа, недопрена природа, најздравата органска храна, најдобриот и најквалитетниот мед го има токму во Порече, особено медот од костен, потоа органскиот костен од кој цели костенови шуми се наоѓаат токму во Поречието, а исто така се развива и хербалниот туризам, има доста чаеви, билки, печурки кои виреат во овој крај, кои претставуваат деликатес во здравата исхрана“, потенцираше Жарко Ристески, градоначалник на М. Брод.

Фестивалот SAMOKOV EXTREME полека но сигурно прерасна во вистински амбасадор за промоција на неоткриените убавини на Македонија!

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци