ВИДЕО- WIK со големи донации за ООУ Климент Охридски, градинките „Наша Иднина“ и прилепската болница

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Општествено одговорната компанија WIK од Прилеп ја донираше една од најсовремените сензорни соби и дефектолошки кабинети на Центарот за поддршка при учењето кој се наоѓа во ООУ Климент Охридски Прилеп. Собата е опремена со специјални светлосни и звучни реквизити кои нудат контролирана сензорна стимулација на децата. Во моментов овој Центар го посетуваат 50 деца кои тука добиваат соодветни третмани.

„Најмногу е наменета за ослободување на децата од стресот и анксиозноста, да ја подобрат концентрацијата и сопствената моторика. Преку индивидуален пристап во безбедна и стимулирачка средина. Сакам да упатам голема благодарност до општествено одговорната компанија WIK за нивната донација, за можноста секое дете од градот и пошироко да ја користи. Ако досега имавме една или две сензорни стабилности во училиштето, сега ги имаме за сите. Тоа значи дека со сите сензорни области можеме да работиме со нашите дефектолози и асистенти“, истакна Ахил Јаков, диретор на ООУ Климент Охридски Прилеп.

 

„Општина Прилеп како најинклузивна општина во Македонија со ова докажува дека навистина се грижи за децата со посебни образовни потреби и дека ги правиме сите можни чекори со средства од буџетот, но и со вака општествено одговорни компании кои инвестираат во просторот и научно-образовните средства за да добијат подобар третман овие деца кои што заслужуваат да бидат повклучени во нормалниот систем на образование“, изјави Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

WIK го донираше и уредувањето на дворот и едно игралиште во градинката Вишне, како и креветчиња за детското одделение во прилепската болница.

„Како дел од културата на нашата компанија се трудиме да бидиме поблиску и подостапни за нашите вработени каде што тие живеат. Секоја година одбираме проекти кои се од голема важност за децата на општина Прилеп и би сакале да ги охрабриме и да можат да живеат соодветни услови. Ова е дел од нашата посветеност кон општина Прилеп и секоја година ќе продолжиме да поддржуваме вакви проекти и да донираме во општината“, додаде Жанет Гилман, одгорна за одделот за работа со луѓе.

 

„Денеска имам задоволство да бидам со вистинските херои кои работат навистина една одговорна работа, кои помагаат на децата во оваа институција. Едно големо благодарам за ова од моја страна. Многу ме допре тоа што го видов тука. Горд сум на вас и секако WIK како и досега стои како пријател на градот и се надевам дека тоа нема да се промени и ќе имаме уште многу проекти да и помогнеме на заедницата“, рече Мирослав Спасовиќ, генерален директор на компанијата WIK.

Од WIK најавија дека и во иднина ќе продолжат со својата улога на општествено одговорна компанија во Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци