ВИЕДО- Мицкоски: Секој кој се огрешил пред законот ќе одговара, Обвинителството да го повика Пендаровски за неовластено следење на политички конкуренти

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од народниот митинг одржан во Прилеп, во рамки на изборната кампања 2025 која е под слоганот ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори закажани на 19 октомври. Мицкоски во својот говор се осврна на тезите на Филипче што константно ги повторува на митинзите на СДС дека не се плашеле и праша од чие име Филипче зборува кога вели не ви се плашиме.

„Во однос на тезите кои ги повторува претседателот на СДСМ, дека не ни се плашеле. Прво да кажам дека тој пристап на прекумерно силење, па како јас сум имал треперлив глас, и така натаму е детски и типичен за луѓе кои се плашат. Иако нема потреба да се плашат ако се чесни како што викаат. Но сакав, да прашам од чие име зборува? Кои е тоа тие кои не се плашат? Јас повикувам на борба против корупција на криминалци, а тој вика не ти се плашиме, со што потсвесно човекот се идентификува со криминалците на кои јас во моите говори се обраќам. И ако не се плаши нека не се плаши но зошто има потреба да раскажува дека не се плаши. Човек да се чуди како промашена кампања води, тој не бил уплашен јас сум бил уплашен. Навистина, некој ќе каже детски работи. Ќе си рече некој човеков хирург, сериозен, навистина стручен во својата област и за почит, ама кога ќе видиме што направил како политичар, и како човек и како другарче на еден познат трговец со државата во Горни Милановац, неговиот ментори и гуру. Не е доволно да си стручен во нешто туку поважно е да си доследен до вредностите кои прават подобро општество. Ти можеш да си најдобар во нешто, но ако си морален и ако си забегал, џабе ти е се. Еве да му кажам најдиректно, бидејќи ме прозива, Секој ќе одговара! Од првиот до последниот секој што се огрешил ќе одговара“ кажа Мицкоски.

Мицкоски го прозва и поранешниот претседател на државата, Стево Пендаровски, кој на ланските претседателски избори ја имаше поддршката на СДСМ за втор мандат, но загуби од кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска-Давкова.

Како што наведе Мицкоски, СДСМ се толку исплашени од поразот што им следи што во кампања го вклучиле и главниот трачер во друштвото, Стево Пендаровски“.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ осврнувајќи се обраќање на Пендаровски вчера, сугерираше дека тој знаел за аферата со прислушувањето, односно дека Мицкоски и членови на неговото семејство биле следени додека тој бил во опозиција.

„Од вчера го вклучија и поранешниот претседател и главниот трачер во друштвото Стево Пендаровски, кој пак кутриот на јавна сцена призна дека следел и знаел за прислушувањето. Тој во настапот го опиша во детали пола мој работен ден, работи кои не се кажани никаде и кој може да ги знае само човек кој добивал извештаи за следење и притоа сакајќи да вметне некаков црв на сомнеж фрла светло дека луѓе блиски до мене ме кодошеле. И ме повикува јавно да сум кажел кои се тие луѓе. Јас не знам кој се тие луѓе и дали постојат, но знам дека во држава со сериозно обвинителство каде што владее законот тоа сериозно обвинителство треба уште утре Стево Пендаровски да го повика и да даде изјава пред обвинител за ова кривично дело кое јавно го призна и би се водела постапка за неовластено следење на политичките конкуренти“, рече Мицкоски. 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми