ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
Викендов од 28 до 30 јуни во Битола ќе се одржи Балканското првенство во џудо за помлади пионери-ки. Балканското првенство е во организација на џудо Федерацијата на Македонија каде за учество се пријавени 420 натпреварувачи и над 100 стручни лица (тренери, судии и останати комисии) од 11 држави (Албанија, Бугарија, Грција, Романија, Молдавија, Кипар, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Турција и домаќинот Македонија).
Најдобрите џудисти преставници на своите државни репрезентации силите ќе ги одмерат во Спортската Сала „Боро Чурлевски“ каде се подготвени 4 борилишта и останатите услови согласно барањата на Балканска Џудо Федерација.
Прелиминарните борби започнуваат во сабота на 29.06.2024 од 10.00 часот, а додека свеченото отварање е закажано истиот ден во 16.00 часот каде се очекуваат високи гости од Балканската џудо федерација како и останати гости од дипломатскиот кор и општина Битола. Се покануваат сите љубители на џудо спортот да ги проследат борбите.
Влезот во салата е слободен.
