Вилата Извор или Објект 99 – кодното име што го добила по бројот на затвореници кои ја граделе

Вилата Извор или Објект 99, како што ја викаат мештаните и работниците на Националниот парк Плитвице, сместена далеку од погледите во скриениот дел од паркот, денес е само урнатина на спомените на некогашниот сјај.

 

При изградбата, Вилата Извор важела за најскапата претседателска резиденција. Градена е по Втората светска војна, од страна на политички затвореници.

 

Кодното име резиденцијата наводно го добила по 99-те затвореници што ги изградиле темелите. Додека била во полн сјај, тука доаѓале политичари, пријатели и елитни гости за да се дружат или да одржуваат состаноци со Тито. Понекогаш оделе и во лов. Во салите за состаноци се воделе тајни разговори, а потоа се опуштале со виски и цигари.

 

Вилата имала и куглана, сала за билјард, дури и кино. Ако испиеле чашка повеќе или ако отседнувале да одморат на неколку дена, гостите се сместувале во елитните апартмани.

 

Ретко кој знаел дека вилата располага и со таен подземен тунел долг 80 метри, кој служел како таен излез при вонредни ситуации.

 

Но сепак раскошот и сјајот на минатите времиња денеска е потполно исчезнат.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира