Вилијам и Хари се обединија за да ја откријат статуата на Дијана во палатата Кенсингтон


Принцовите Вилијам и Хари во четвртокот ја открија статуата на покојната мајка принцезата Дијана, по повод нејзиниот 60-ти роденден.

Под статуата во градината на палатата Кенсингтон е врежана песната „The Measure of A Man“.

Стиховите кои се врежани под статуата:

„Ова е мерка за вредноста на жената како жена, неповрзана со нејзиното раѓање. Не е важно каде жевеела, туку дали имала срце, како ја „играла“ улогата што Бог ја има наменето за неа…“

Во заедничката изјава, Вилијам и Хари велат:

„Денес, на денот на 60-от роденден на нашата мајка, се сеќаваме на нејзината љубов, сила и карактер – квалитети што ја направија сила на доброто низ целиот свет, што промени безброј животи на подобро. Секој ден сакаме таа сè уште да беше со нас и се надеваме дека оваа статуа засекогаш ќе се гледа како симбол на нејзиниот живот и наследство“.

Тие додаваат дека градината во Кенсингтон палатата  била една од омилените места на принцезата“кога таа живеела таму.

Од палатата Кенсингтон рекоа дека целта на статуата на Дијана е да ја пренесе топлината, елеганцијата и енергијата на Дијана со нејзината работа и влијанието што го имала. Ликот на принцезата од Велс е опкружен со две деца кои претставуваат универзалност и нејзиното влијание врз многу генерации.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира