Владата демантира: Мила Царовска, Артан Груби и Бојан Маричиќ не се вакцинирале преку ред

 

 

Албански медиум објави информација дека преку ред вакцинација обезбедиле министерката за образование Мила Царовска, министерот за правда Бојан Маричиќ и вице-премиерот Артан Груби. Во веста се вели:

„За Македонија се шпекулира дека ВИП вакцинацијата е обезбедена преку министерката за образование Мила Царовска, министерот за правда Бојан Маричиќ и вицепремиерот Артан Груби“. Понатаму, информира дека „Македонија е земја каде и покрај бројните ветувања за започнување на вакцинациите во јануари, февруари и март, владата и Министерството за здравство обезбедија само 3.000 вакцини од Русија и претходно добија донација од 8.000 вакцини од Србија, поради што е меѓу последните земји во Европа според бројот на вакцинирани лица“.

Владата ја демантира информацијата објавена утрово на албанскиот портал дека ВИП-вакцинација преку ред обезбедиле министерката за образование Мила Царовска, министерот за правда Бојан Маричиќ и вице-премиерот Артан Груби.

„Најостро демантираме, не постои никакво вакцинирање министри! Ги повикуваме пратеникот и порталите кои ја шират оваа тешка дезинформација да се откажат од манипулациите со населението во овие моменти на тешка здравствена состојба во државата“, велат од владата.

 


Демант на информацијата објави и министерката за образование, Мила Царовска на нејзиниот Фејсбук профил.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира