ВМРО-ДПМНЕ: За СДС се непознатица работа и отчет за сработено, затоа не можат да се помират со трибината во Прилеп полна со народ и енергија

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

ВМРО-ДПМНЕ поставува темели на иднина изградена врз човечност, почит, ред и достоинство – зборови што се непознати за криминалците од СДС кои многу бргу ќе соочат со лицето на правдата. Денес Македонија е држава на економски раст, нови инвестиции, обнова, градежна офанзива, вистински реформи и подобрен животен стандард – за сите граѓани, истакна во денешата реакција на прес конференцијата од ОО на СДСМ Прилеп од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

„Додека СДС тоне во паника и безидејност, со памфлети што никој не ги чита и со обвинувања во кои ни самите не веруваат, ВМРО-ДПМНЕ секојдневно, посветено и чекор по чекор, ја враќа Македонија на вистинскиот пат.

За СДС се непознатица работа и отчет за сработено. Не можат да се помират со синоќешната трибина во Прилеп – моќна, полна со народ, полна со енергија, со јасна порака: Македонија чекори напред! И наместо со идеи, СДС одговара со срамен прес – празен како редовите во нивната партија.

Граѓаните знаат: по 7 години катастрофално владеење од СДС, ВМРО-ДПМНЕ не започна од нула, туку од минус. Затекнавме хаос, институционална пустош и распаднати темели. Затоа првата година, под водство на премиерот Христијан Мицкоски, ја посветивме на стабилизација – враќање на редот, економска консолидација, безбедност, доверба и правда.

Додека тие шират лаги, ние работиме.

Додека тие фантазираат, ние градиме.

Додека тие мразат, ние обединувааме.

СДС е партија која од ден во ден си го убрзува слободниот пад. Со убедливо најнизок рејтинг од своето постоење. Соочени со порази, изолирани од народот, неспособни за визија, неспособни за одговорност, неспособни дури и за пристоен срам.

Македонија со ВМРО-ДПМНЕ оди напред и нема застанување! Доаѓаат подобри времиња за сите граѓани“, истакнаа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци