ВМРО-ДПМНЕ со четворица кандидати за пратеници од Прилеп

ВМРО-ДПМНЕ вечерва ги објави носителите на изборните единици и кандидатските листи за пратеници. Партијата ќе има три кандидати за пратеници од Прилеп, пренесува порталот Маркукуле.

 

Во четвртата изборна единица каде припаѓа и Прилеп, носител е партискиот потпретседател Александар Николовски, а веднаш по него на второто место е членот на ИК од Прилеп, Ане Лашкоска.

 

На шестата позиција е претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески, а претседателката на Унијата на жени од Прилеп, Ирена Стерјовска Локвенец, се наоѓа на четиринаесеттата позиција.

 

Александра Свајќароска пак ќе биде на 20-тата позиција во ИЕ 4.

 

Инаку ова се носителите на листите на ВМРО-ДПМНЕ во 6-те изборни единици.

 

  1. Носител на изборната листа на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица еден е професорката Гордана Силјановска Давкова
  2. Носител на изборната листа во изборната единица број два на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски
  3. Игор Јанушев ќе биде носител во тројката
  4. Потпретседателот на партијата, Александар Николовски, во четворката
  5. Оперскиот пеач Игор Дурловски во петката
  6. Дафина Стојановска, досегашна пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде носител на листата во изборната единица шест

 

 

Ана Лашкоска

 

Петар Ристески

 

Ирена Стерјовска Локвенец

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци