Водата од јавните чешми во селата Ореовец и Плетвар не е исправна за употреба

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Општина Прилеп ги известува граѓаните дека водата од мерно место локален водоснабдителен систем – Ореовец – јавна чешма сред село – не е здравствено исправна заради наод на бактерии, наод на еscherichia colli, наод на intestinal enterococcus и не смее да се користи за пиење. Водата мора редовно да се хлорира и количината на резидуален хлор во мрежата да се движи во граници од 0.2 до 0.5 мг./л. вода.

Исто така водата од мерно место, л.в.с. Плетвар – јавна чешма не е здравствено исправна заради наод на зголемен број колиформни бактерии, наод на еscherichia colli, наод на intestinal enterococcus и не смее да се користи за пиење. Неопходно е соодветно техничко решение за објектот со можност за редовна дезинфекција на водата.

Водата од л.в.с Плетвар – крајпатна Че не е здравствено исправна заради наод на зголемен број колиформни бактерии, и не смее да се користи за пиење. Неопходно е соодветно техничко решение за објектот со можност за редовна дезинфекција на водата.

Додека водата од л.в.с Беловодица – двор не е здравствено исправна заради наод на зголемен број колиформни бактерии, зголемен број колонии и бактерии на 37 степени и не смее да се користи за пиење без претходно вриење од 10 минути. Неопходно е соодветно техничко решение за објектот со можност за редовна дезинфекција на водата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци