Во кино Мис Стон ќе се одржи настан во чест на ликот и делото на Дарко Дамески – 55 години од Златната Арена

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

На ден 28 мај 2026 година, четврток, во просториите на кино салата ,,Мис Стон“,во 19 часот,  ќе се одржи настан во чест на ликот и делото на Дарко Дамески, 55 години од Златната Арена.

Планирано е гостите да пристигнат во 19:00 часот, а во 19:30 на присутните ќе се обрати Престедателот на Ротари клубот, г-дин Орде Ѓоргијоски. Покрај тоа свои обраќања ќе имаат раководителот на НТП ,,Војдан Чернодрински“, г-дин Михајло Миленкоски, како и г-дин Симеон Мони Дамевски, син на Дарко Дамески.

Потоа следи отварање на изложба и прикажување на омажот за Дарко Дамески, во изработка на Горан Марковски. Ќе има и проекција на филмот ,,Црно семе“, за која улога ја добил наградата Златна Арена во Пула.

Настанот е поддржан од Ротари Клубот од Прилеп.

Идејата и иницијативата за изложбата е на г-дин Саша Шотаровски.

Плакатот и поканите се изработени од неговата внука Бојана Чаминска Тиноко.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира