Во недела Литија со моштите на Свети Климент по улиците на градот Крушево

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци


Благочестиви христијани, на 10.08.2025 година, недела, во 17:00 часот во храмот „Свети Никола“ – Крушево, ќе се отслужи Вечерна богослужба во спомен на патронот на нашата Македонска Православна Црква – ОА, Свети Климент Охридски.

После Вечерната богослужба, со неговите мошти и моштите од другите светители, ќе се одржи свечена Литија по улиците на градот Крушево. Затоа Ве покануваме благочестиви христијани, да се поклониме на моштите на нашиот патрон и заштитник на целиот наш Македонски народ, светиот Климент Охридски!

На Литијата ќе чиноначалствува Епископот дремвитски г. Давид во сослужение на Митрополитот крушевски и демирхисарски г. Јован Литијата ќе започне од храмот „Свети Никола“ и ќе се одвива по главната улица на нашиот град и повторно враќање при храмот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци