Во недела на 09.08.2026 година, во 17:00 часот во храмот „Свети Никола“ – Крушево, ќе се отслужи Вечерна богослужба во спомен на патронот на нашата Македонска Православна Црква – ОА, Свети Климент Охридски. После Вечерната богослужба, со неговите мошти и моштите од другите светители, ќе се одржи свечена Литија по улиците на градот Крушево.
Од архиерејското намесништво на овој град ги покануваат сите христијани, заедно да се поклонат на моштите на нашиот патрон и заштитник на целиот наш Македонски народ, светиот Климент Охридски! На Литијата ќе чиноначалствува Епископот дремвитски г. Давид во сослужение на Митрополитот крушевски и демирхисарски г. Јован со бројно свештенство. Литијата ќе започне од храмот „Свети Никола“ и ќе се одвива по главната улица на нашиот град и повторно враќање при храмот.
