Во недела сите на Селечка – планинарски марш „Томе Темелкоски 2025“

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Точно пред 20 години далечната 2005 година Томе Темелкоски заедно со својата пријателка планинарка Виолета Проскоска и неговиот другар Славе со помош на прилепски планинари го поставуваат камен темелникот на Домот на Селечка планина кој денес го носи неговото име. Во прилог на текстот има мал дел на слики од ахрива од почетоците на изградбата на домот па се до денешниот изглед на домот Томе Темелкоски.

Исто така треба да се напомене дека до самиот дом е и спомен чешмата на наш сограѓанин Миле Хаџиристески од која течи најубавата,најладната и најчистата вода во прилепската околина.

Како и претходните години така и оваа Планинарската група Прилепски Планинари – Авантуристи ве кани на планинарска дружба по Селечка Планина на марш „Томе Темелкоски“.
Стартот на турата е во 9 часот од манастирот Св Димитрија во село Селце ( 7 км.) оддалечено од Прилеп.
Турата е во должина од 12-13км. средно тешка и висинска разлика од околу 800м.

Опис на турата:

– Старт 9 часот св. Димитрија с. Селце.
– првата пауза е во локалитетот Домаќинско Чешмуре.( поручек од ранец).
– втората пауза е пред ливадата на местото викано Дуна Нива.
– третата пауза е на местото викано Стогот под врвот Калушоец.( не е во програмата за негово искачување).
– движење по сртот на Селечка Планина со погледи кон Пелистер, Кајмакчалан, Кожув, Мариово. Солунска Глава, Прилеп и стигнување до споменикот Устрелец изграден во чест на Прилепските Бранители кои загинаа на Карпалак каде следи и пауза.

– упатување кон под врвот Чуле( не е во програмата за негово искачување) и се упатуваме кон Планинарскиот дом Томе Темелкоски.

– ручек во домот ( од ранец), мала дружба
– враќање кон манастирот Св. Димитрија
– Затворање на турата и видување до наредна година.
Време траење на турата е од 3 – 4 часа (пешачење нормално темпо)
Пауза за поручек 30мин.
Втора, трета и четврта пауза по 20мин.
Пауза за ручек и дружба 2-3 часа.

– Крај на турата 17 часот.

Напомена: Движењето оди во групата без оддстапувања напред пред водичите.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми