За учебната 2026/2027 година, во Општина Крушево се запишани вкупно 72 првачиња. Од нив, 52 првачиња се запишани во училиштето во градот Крушево, додека останатите 20 ученици се запишани во подрачните училишта во населените места.
„Во ООУ „Никола Карев“ се запишани 23 првачиња во централното училиште, а 29 првачиња во подрачните училишта. Во ООУ „Кирил и Методиј“ се запишани 4 ученици во централното училиште, додека во подрачните училишта се запишани 16 ученици. За споредба, во учебната 2025/2026 година во подрачните училишта биле запишани 39 првачиња, а во централното училиште „Никола Карев“ 11 првачиња. Во однос на процесот на оптимизација, во Општина Крушево нема намалување на наставниот кадар. Исто така, нема намалување на бројот на наставници како резултат на оптимизацијата. Општината продолжува да обезбедува услови за непречено одвивање на наставата и функционирање на училиштата, како во градот, така и во населените места“, информираат од Општина Крушево.