По повод големиот велигденски пост секој петок на вечерната богослужба се пее акатистот на Пресвета Богородица и се осветува петтолебие за здравје и спасение на верниот народ. И овој петок храмот Свети Кирил и Методиј од Прилеп ги покануваат сите верници откако ќе заврши вечерната богослужба да присуствуваат на новото предавање на тема „Воскресение и живот“.
