На 17 -ти Октомври 2026г. во сабота, од 19.00 часот, во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“, ќе се одржи Вечер на фолклор за деца и млади „Играме заедно“.
Домаќин на вечерта, која е под мотото „Убавината на различностите“ е КУД „Моминок“ кое твори и работи во рамките на ЦК „Марко Цепенков“.
Освен КУД „Моминок“ на вечерта ќе се претстават:
- КУД „Младост“ од Кичево,
- КУД„Илинден“ од Кривогаштани
- ФГ „Вапцаров“ при ЦК од Делчево
- КУД „Лазарица“ од Станари, БИХ, и
- КУД „Охриѓанка“ од Охрид.
Манифестацијата за првпат се реализира, а во иднина се планира да прерасне во фестивал.