Во Прилеп одбележани 81 година од смртта на народните херои Кире Гаврилоски – Јане и Круме Волнароски

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Денес со достоинство и пиетет беа одбележани патрон празниците на основните училишта „Кире Гаврилоски – Јане“ и „Круме Волнароски“ во Прилеп кои со гордост ги носат имињата на нашите народни херои.

Делегации од Општина Прилеп заедно со Советот на Општината, Сојузот на борци, семејствата на хероите и претставници на училиштата од градот, положија свежо цвеќе и оддадоа почит пред спомен-бистите на Круме Волнароски и Кире Гаврилоски – Јане.

„Овие двајца храбри прилепчани, пред 81 година, ги положија своите животи за слободата на Македонија во редовите на Народноослободителната војна. Убиени се во заседа од страна на бугарската полиција, борејќи се до последниот здив — со песна за Македонија. Локалната самоуправа, предводена од градоначалникот Борче Јовчески, останува цврсто посветена на поддршката и унапредувањето на условите во сите училишта, негувајќи го сеќавањето за хероите и вложувајќи во иднината на младите. Нека им е вечна слава!“, велат од Општина Прилеп.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми