Света архиерејска литургија во нашиот храм, за Светите Три Ерарси, патрон на бакалскиот еснаф, со која чиноначалствуваше нашиот митрополит г. Петар, во сослужение на епископите Климент и Никола и протоереи ставрофорите Никола Грамбозов, Влатко Ристески и Илчо Смилески.

Според кажувањата на иницијаторите на оваа слава, бакалскиот еснаф од Прилеп го прославува својот патрон и заштитник – празникот Свети три Светители, свети Васлилиј Велики, свети Јован Златоуст и свети Григориј Богослов уште во далечната 1953 година.
Нека е за многу години!