Во Прилеп ставени во употреба бунарите за вода поради намалена издашност на „Студенчица“

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Поради недостиг на вода од денеска ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп ги стави бунарите во употреба. Според нивното соопштение објавено на социјалната мрежа Фејсбук во моментов намалена била издашноста на изворот Студенчица и зголемена била потрошувачката на вода.

„Во изминативе неколку денови се соочувавме со недостиг на потребните количини на вода кои пристигнуваат од изворот Студенчица поради намалената издашност на изворот предизвикано од летниот сушен период. Но, исто така на ниво на град зголемена е потрошувачката на вода што не е очекувано за овој период од годината. Овие причини предизвикаа нарушување на водоснабдување на градот (посебно во повисоките зони).

Со цел да се обезбедат количините на вода кои се потребни ЈКП”Водовод и канализација”Прилеп од денес ги стави во употреба дел од бунарите со цел да може да се нормализира водоснабдувањето во сите делови од градот.

Но, исто така искрено замолуваме сите да се однесуваме совесно и рационално во користењето на пивката вода“, велат од ЈКП Водовод и Канализација Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми