Во Прилеп 2 лица заразени со корона, 176 лица се во самоизолација и 2 кривични за нарушување на полицискиот час

Во Прилеп во овој момент 176 лица се во самоизолација. А синоќа 2 лица заработиле кривични пријави поради нарушување на полицискиот час. Инаку денеска за прв пат се регистирани и двајца заболени од корона вирус.

 

Од Центарот за јавно здравје од Прилеп велат дека во овој момент се правземаат сите потребни мерки и протоколи и се контактирало со сите граѓани со кои заразените со Ковид 19 имале средби и некаков контакт. Се очекува во текот на денот Кризниот штаб на Општина Прилеп да одржи седница, а изјава за медиумите ќе дадат и надлежните органи.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира