Во сабота во Прилеп ќе се одржи 15-от меѓународен турнир во џудо „Прилеп Град Херој – 2025 ЦЕВИТАНА КУП“

На 04.10.2025 година во спортската сала на СОУ Ристе Ристески Ричко во Прилеп, ќе се одржи 15 ти Меѓународен Традиционален Турнир во Џудо „Прилеп Град Херој – 2025 ЦЕВИТАНА КУП“.

Турнирот е во организација на Џудо Клубот Сеишин- Прилеп со поддршка на Џудо Федерацијата на Македонија. Истиот е за возрасните категории деца, помлади пионери и пионери во машка и женска конкуренција кои ќе се натпреваруваат во околу 40 тежински категории. Согласно досега пријавените клубови се очекуваат натпреварувачи од  10 држави и тоа: Словачка, Грција, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово, Бугарија, Турција, Англија и домашните клубови од Македонија.

Оваа година повторно има клубови од нови три држави кои за прв пат доаѓаат во Прилеп се тоа се Англија, Словачка и Турција со што турнирот го зголемува бројот на земји учеснички.

Се покануваат сите љубители на боречките вештини да земат присуство и да ги проследат борбите во Сабота 04.10.2025 со почеток во 10.00 часот. Влезот е слободен.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира