Втора фаза адултицидна дезинсекција во Прилеп

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Општина Прилеп ја информира јавноста дека на 07 и 08 август 2026 година (петок и сабота), во периодот од 22:00 до 05:00 часот, ќе се спроведе втората фаза од адултицидната дезинсекција против комарци на територијата на општина Прилеп.

Дезинсекцијата ќе ја изврши ЈЗУ – Центар за јавно здравје Скопје, додека стручен надзор над спроведувањето ќе врши ЈЗУ –  Центар за јавно здравје Прилеп.

Со активностите ќе бидат опфатени околу 800 хектари површина, односно сите урбани заедници во градот Прилеп, како и населените места: Ореовец, Лениште, Селце, Лагово, Беровци, Кадино Село, Галичани, Тополчани, Ерековци, Канатларци, Чепигово, Тројкрсти, Мажучиште, Мало и Големо Коњари.

Целта на адултицидната дезинсекција е намалување на бројноста на возрасните комарци и заштита на јавното здравје, со што се придонесува за побезбедна и поздрава животна средина.

Се апелира до граѓаните во наведениот период да избегнуваат непотребен престој на отворено, да ги затворат прозорците на домовите и, доколку имаат пчелни семејства, навремено да ги преземат потребните мерки за нивна заштита.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци