Општина Прилеп го објавува Вториот јавен повик за прибирање на барања за распределба на финансиски средства од Буџетот на Општина Прилеп за 2026 година, наменет за финансирање на спортски клубови, професионални спортски клубови, здруженија и фондации, со цел доискористување на предвидените буџетски средства за поддршка на спортот во нашата општина.
Право на учество имаат сите спортски клубови, здруженија, фондации и спортски сојузи кои ги исполнуваат условите наведени во повикот. Краен рок за доставување на пријавите: 07 септември 2026 година.
Повеќе информации за потребната документација, условите, формуларите за аплицирање и начинот на доставување можете да најдете на веб-страната на Општина Прилеп. КЛИКНЕТЕ ТУКА!