Вчера се аплицирале 6 478 вакцини, прва доза примиле 3 712 граѓани

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата.

Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 459.213 граѓани.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 285.957 граѓани.

Прва доза вакцина вчера примиле 3.712 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 6.478 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 494.909 дози вакцини, а ревакцинирани се 208.592 граѓани.

Вкупно се аплицирани 494.909 дози вакцини, а ревакцинирани се 208.592 лица.

Од МЗ потсетуваат дека, вакцинацијата се одвива во неколку градови во државата, во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми