Вчера се вакцинирале 14 илјади граѓани

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Вакцинацијата во државава се одвива непречено на сите вакцинални пунктови. Министерството за здравство соопштува дека преку официјалната веб-страница Вакцинација.мк веќе се пријавени над 303 илјади граѓани.

Според дневниот извештај на здравствените власти, прва доза вакцина вчера примиле 13 076 граѓани, а вкупно се вакцинирале 14 033 граѓани во текот на вчерашниот ден. Во државата, пак, вкупно се аплицирани 145 043 дози вакцини, а од нив 121 181 граѓани се вакцинирани со прва доза, додека ревакцинирани се 23 862 граѓани.

Со последните бројки 35% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни граѓани, вработени во критична инфраструктура и други лица кои пројавиле интерес. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во „А1 арената“ во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира