В четврток, шесто издание на „Љубење со стихови“ на Филип Димкоски и Лина Димоска

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Вo черврток на 13 ноември, од 19.30  часот во фоајето на Центарот за култура  „Марко Цепенков“ во Прилеп, ќе се одржи шестото издание на поетско-музичкиот  перформанс „Љубење со стихови“ на поетот Филип Димкоски и поетесата Лина Димоска.

Како и во претходните изданија, поетите ќе рецитираат дел од песните кои го претставуваат нивното творештво, но и нивни омилени песни од домашни и странски автори. Овојпат покрај на македонски, ќе бидат интерпретирани песни и на српси  и руски јазик, а ќе бидат рецитирани и препеви на Димкоски од руски и од српски на македонски јазик.

Проткаена со пијано придружба, на оваа поетска вечер ќе прозвучат стиховите на Блаже Конески, Гане Тодоровски, Анте Поповски, Оливера Андоноска, Божидар Божиноски, Далибор Ивановиќ, но и Мика Антиќ, Алексеј Решетов и Никола Раусављевиќ.

Настанот е во органзиација на Здружението за образование, култура и уметност ЗОКУМ-Прилеп, а поддржан од Општина Прилеп и НУЦК „Марко Цепенков“.  Се работи за настан од отворен тип, а  влезот е бесплатен.

„Според Емерсон, сите луѓе се поети во срцето. А ние  ќе се потрудиме во сечие срце да ја разбудиме поезијата“, велат организаторите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми