И оваа година географската секција „МЛАДИ ЕНТУЗИЈАСТИ“ од О.О.У. Кире Гаврилоски – Јане од Прилеп под менторство на наставникот Милан Јаковоски успешно ја реализираше програмата од географската секција.

„Програмата ја завршивме со дводневна тура од село Нежилово до изворите на река Бабуна, потоа спиевме во планинарскиот дом Чеплес и следното утро ја искачивме Солунска глава и слеговме во село Нежилово. Предходниот период имавме неколку тури околу Прилеп како и врвот Магаро на Галичица. Оваа година учениците се 8 одделение, а до в година планираме да одиме на Пелистер, Титов Врв и Кораб“, истакна настабникот Милан Јаковоски.