Германска новогодишна магија на едно место – Божиќен базар на плоштадот во Прилеп

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Здружението на наставници по германски јазик – MKDV и Гете-институт Скопје, во соработка со училиштата од Општина Прилеп, го организираат Божиќниот базар по германски пример, кој оваа година ќе се одржи на 15 декември 2025 година (понеделник) од 12:30 до 14:30 часот, на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“ во Прилеп. Настанот е поддржан од Општина Прилеп.

Базарот ја носи магијата на традиционалните германски Божиќни пазари директно во нашата општина. Учениците љубители на германскиот јазик и култура од основните и средните училишта од Прилеп, но и од други градови низ Македонија, ќе ја доловат оваа празнична атмосфера преку игри, песни, новогодишни украси, ракотворби и богата празнична храна.

И сето тоа се разбира бесплатно, од деца за деца.

Програма на настанот

12:30 – 13:30

Културно-уметничка програма на германски јазик со настапи на ученици од основните училишта во Прилеп, како и учество на најмалечките од градинката „Вишне“ и приватната градинка „Ројал Кидс Хаус“.

13:30 – 14:30

Посета на штандовите, интерактивни едукативни работилници и дружење со учениците. Секој посетител ќе може да научи нови зборови на германски јазик, да понесе ново искуство и да се приклучи кон хуманитарниот дух на настанот.

Одржливоста на овој настан се огледува во неговата едукативна вредност и хуманитарен карактер. Целта е секој посетител, дете или возрасен, да може да стекне ново знаење, да развие емпатија и да ја почувствува убавината на германската култура преку непосредно искуство.

Настанот е поддржан од повеќе општествено одговорни компании кои ќе учествуваат со свои производи, како и од партнер-училиштата и институциите што континуирано ја промовираат германската култура и јазик во нашата земја.

Прилеп и оваа година ќе заблеска во празничен дух, со креативност, знаење и хуманост од најмладите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми