Граѓаните здружени во „Учебници и настава мора да има“ доставија предлог за референдум и бараат средба со Заев

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Граѓанската Иницијатива „Учебници и настава мора да има“ денеска достави предлог за покренување иницијатива за распишување на референдум до претседателот на Собранието, со цел изјаснување на граѓаните околу нацрт Законот за дигитализирање на учебниците во основните и средните училиштата. Здружени во иницијативата „Учебници и настава мора да има“, велат дека успеале да соберат 600 потписи на протестите што ги одржаа за време на викендот.

„Доколку во рок од 3 дена не добиеме одговори, ние ќе сметаме дека тоа е прифатено и ќе продолжиме со собирање потписи. Потребни ни се 10 000 потписи за законски да можеме да организираме референдум. Доколку не бидеме прифатени од претседателот на Собранието, ќе се обратиме до Владата ќе продолжиме со протестот“, изјави Драгана Спасевска.

Од иницијативата бараат средба и со премиерот Зоран Заев, откако им пропаднаа обидите да ја убедат министерката за образование Мила Царовска да го повлече законот за учебници.

Покрај стопирање на дигитализацијата во образованието, родителите на протестот бараа да се стопираат и реформите за воведување сеопфатно сексуално образование, а носеа и транспаренти „Стоп за родова сензитивност“ и „Стоп за укинување на историјата како предмет“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира